Владиката Агатангел со летоци во сандачињата повикува на бојкот на референдумот

Во поштенските сандачиња низ Скопје масовно се ставаат летоци на кои се повикува бојкот на референдумот, а на кои е потпишан владиката Агатангел.

Полн со предупредувања и повици, во стилот „Европа ја демне опасноста од новото паганство“ и „жестоката и бескрупулозна индустријализација ги голта душите“, долгиот леток завршува со:

„Бидете внимателни, сите се во игра, и власт и опозиција. Сите сакаат да го натоварат македонскиот народ со тешкото бреме на срамот од себеукинувањето. Но силата е во нас, во секој поединец, без разлика на вера и национална припадност. Ние и понатаму ќе треба едни покрај други да живееме, а тие и така не се дел од нашиот свет, туку животарат во светот на илузиите и краткотрајните задоволства. Им посакуваме среќен пат во мочуриштето на нечесноста, а чесниот македонски народ, како и другите чесни народи кои живеат во оваа наша татковина, ги повикувам да застанат на браникот на нашиот заеднички дом.

Бојкотот на претстојниот лажен и погубен референдум нека биде почеток на една поинаква и просперитетна Република Македонија, која ќе биде поставена и втемелена врз принципите на законот кој произлегува од моралот и слободата. Нека засветли силно сонцето на правдата и нека изгрее од нашите срца светлината на меѓусебната почит и разбирање.“

Објавено

Четврток, Септември 20, 2018 - 14:16

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе