За в недела најавен е протестен марш

Владиката Агатангел повика на протест против омаловажувањето на македонскиот идентитет и достоинство

 За 30 август во 17 часот најавено е дека пред канцеларијата на ЕУ и пред македонското Собрание ќе се одржи семакедонски протест против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство. Повеќе македонски здруженија објавија дека го поддржуваат овој протест, а вчера и владиката Агатангел повика за учество на овој протест.

Повик за семакедонски собир пред канцеларијата на Европската Унија во Скопје и поворка до Собранието против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство, испрати владиката Агатангел. Toj во своето видео обраќање вели дека група млади поттикнати од љубовта кон земјата, а разочарани од немањето македонска национална политичка партија, се иницијатори за овој собир.

„Сите што ја љубите оваа света македонска земја не дозволувајте да ги изневериме нашите прадедовци, кои ги положија животите ние слободно да живееме во едно демократско општество. Сите се трудиме да одиме кон Европа, но Европа за нас не треба да биде срам и понижување. Европа треба да биде гордост и така сакаме со крената глава да влеземе, а не со промена на нашето свето македонско име, непочитување на нашиот македонски идентитет и јазик“, вели владиката и додава дека денес сѐ што е македонско се распарчува, Македонците се разединети и не можат да формираат една македонска заедница што ќе ги брани и чува сите македонски права и чувства, ќе ја брани МПЦ, својата македонска држава од оние што на секој начин сакаат да ја распродадат.

Владиката го повикува секој добронамерен Македонец да дојде и да го искаже своето незадоволство кон неговото понижување, незадоволство, кон неговото омаловажување, немир во срцето и во душата за да му се покаже на светот дека Македонците не се ниту против НАТО, ниту против влегувањето во европската заедница, но сето тоа да биде со крената глава и достоинствено.

„На овој семакедонски собор групно со песна ќе се појде до македонскиот парламент да се искаже незадоволство прво кон промената на светото македонско име, промената и непризнавањето на македонскиот јазик, непризнавањето на МПЦ, која е столб и тврдина на оваа света македонска држава. На демократски начин да се избориме за нашите права“, порачува владиката Агатангел и повтори дека за време на протестот треба да се почитуваат сите пропишани превентивни мерки.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе