Владиката Петар: Mи се извинија за приведувањето на скопскиот аеродром

Ангажирав бранител и јас многу нема да објаснувам за случајот на aеродромот. Не патував за Австралија, туку на друго место, изјави владиката Петар одговарајќи на новинарско прашање да го објасни завчерашниот случај на аеродромот во Скопје кога беше приведен и испрашуван од финансиската полиција. Владиката Петар денеска служеше света литургија на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош во Прилеп по повод празникот Источен петок-Балаклија.

„Адвокатот Љубомир Михајловски-Џанго го ангажирав бидејќи бев приведен, лишен од слобода и испрашуван. Јасно им реков дека имам свој адвокат и без него нема да кажам ниту збор. Мојот адвокат им покажа и им докажа дека направиле грешка во својата постапка и дека тоа не смееле да го направат, а тие се извинија“, рече владиката Петар.

На новинарското прашање дека тоа го спречило да патува во Австралија, владиката Петар изјави дека не патувал на овој континент.

„Не патував за Австралија, туку на друго место. Бев спречен да го искористам моето право да летам со авионот, но затоа со следниот авион летав. И синоќа кога се вратив повторно ми се извинија за случајот на аеродромот“, изјави владиката Петар.

МИА

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе