Владата во Тетово ќе основа државен албански ансамбл

Од наредната недела се очекува Владата да го одобри основањето на албанскиот државен ансамбл за песни и ора. Државниот секретар при Министерството за Култура, Валмир Азири, вели дека одлуката е донесена, но се очекуваат последните консултации за формирањето на законот за овој ансамбл да функционира беспрекорно.

„Првиот годишен буџет, земајќи ги предвид платите, инвестициите во костимографијата, инструментите и практичниот дел, е околу 800 илјади евра. Но, ова се пари кои варираат зависно од потребите кои се појавуваат во текот на формирањето на оваа институција“, вели Азири.

Музичарот, Емин Салихи не се согласува со тоа ансамблот да биде во Тетово и бара тој да биде во Скопје, поради тоа што седиштето на секој државен ансамбл е во главниот град.

„Сите државни ансамбли се наоѓаат во главните градови, како што е Шота во Приштина и Танец во Скопје. И кај нас државниот ансамбл треба да биде во Скопје. Но треба да има дебата и заедничка средба на културните здруженија, уметниците, игроорците, музичарите, за тие да бидат избрани преку комисиите, а не со врски“, смета Салих.

Азири велидека моделот за овој ансамбл е земен од македонскиот ансамбл Танец, а истиот треба да ги прикаже и албанските вредности на сите населени места каде што живеат Албанци во Македонија. Тој вели дека ансамблот ќе биде во Тетово поради практични причини, поради тоа што таму се наоѓа домот на култура.

ТВ21

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе