Владата утре ќе ја преиспитува одлуката за дозволен влез во Македонија без ПЦР- тест

Откако денеска влезот и излезот од и во Македонија од Косово беше дозволен без ПЦР-тест, од македонската владата најавија дека оваа одлука утре ќе биде преиспитана. Денеска на граничниот премин Блаце фрекфенцијата на патниците беше значително зголемена.

Вчера, по зголемениот број на новозаразени во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина го врати ПЦР-тестот како услов за влез за македонските граѓани.  

Владата утре ќе ја преиспита одлуката за влез во земјава без ПЦР-тест за државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15 часот преку граничниот премин ‘Јажинце’ за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1.000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест, на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе“, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце, пренесува МИА.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе