Владата усвои неколку предлог-закони

Владата на Република Македонија на денешната 124 редовна седница, на предлог на Министерството за правда, го утврди текстот на Предлог- законот за Јавно обвинителство, и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија на усвојување.

Главна цел на донесувањето на овој закон е зајакнување на професионалноста и одговорноста на јавните обвинители. Значајна одредба од предлог законот е инкорпорирањето на Специјалното јавно обвинителство во системот на јавното обвинителство, согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

На оваа седница Владата го утврди и текстот на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, со цел да се зајакне професионалноста, но и одговорноста на членовите на Советот на јавни обвинители.

Двата предлог закони, од пакетот реформска легислатива од Планот 18, одат во Собранието со предлог да бидат разгледани по скратена постапка и со европско знаменце за да бидат остварени роковите за нивно усвојување пред да биде завршен извештајот на ЕУ за нашата земја.

На денешната седница, на предлог на Министерство за труд и социјална политика е донесена одлука од Собранието на РСМ да се повлече доставениот Предлог закон за спречување и заштита од дискриминација и беше утврден Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој сега во Собранието ќе оди по скратена постапка и со европско знаме.

Со новиот текст на Законот се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација при имплементацијата на законот. Во новиот текст на Законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација, се менува називот и надлежноста на комисијата која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита, и се доуредува начинот на избор и условите за избор на членови.

Владата на РСМ денеска го утврди Предлог – законот зa урбанистичко планирање, и донесе одлука, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, да го достави на усвојување.

Со новиот Предлог на Законот за урбанистичко планирање се предлага на подобар и поефикасен начин да се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање и постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови, заради социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД со кој се овозможува имплементирање на безбедно, интероперабилно информатичко решение во согласност со стандардите на Светската царинска организација и Европската Унија.

На оваа своја седница, Владата на РСМ, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.

Исто така, Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

Владата денеска разгледа и утврди новиот текст на Предлог-законот за бесплатна правна помош, како дел од Стратегијата за реформи во правосудството, и кој има за цел да го уреди правото на бесплатна правна помош, постапката во која се остварува, корисниците, условите и начинот на неговото остварување, и кој треба да обезбеди еднаков пристап на граѓаните, особено на социјално ранливите и маргинализирани категории на граѓани, заради запознавање, остварување и овозможување ефективна правна помош, во согласност со начелото за еднаков пристап до правдата.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за поставеноста и дејствувањето на целокупниот Систем за кризи, имплементацијата на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи. Информацијата, придружена со насоките за реформирање на овој систем со користени компаративни искуства тргнува од утврдената потребата од реформи на поставеноста на Системот за управување со кризи и Системот за заштита и спасување за да се создаде ефективен, ефикасен и координиран одговор на преземање на активности во превенција, раното предупредување, прв одговор, справување и враќањето во првобитна состојба.

На оваа своја седница Владата на РСМ го разгледа и усвои новиот текст на Националната стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората за 2019-2023 година, заедно со Акцискиот план за спроведување на стратегијата и го задолжи министерот задолжен за дијаспора да ја информира Владата на Република Северна Македонија за текот на реализација на стратегијата.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за текот на постапката за продажба на движните опасни и експлозивни ствари, што претходно биле во сопственост на згаснатата компанија АД АД “Теас-Темко“, и што се наоѓаа на имот на АД “Макпетрол“. Согласно оваа информација Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија спроведе постапка за продажба на движните опасни ствари согласно претходна одлука на Владата на РСМ, со што трајно се отстранети од територијата на нашата земја.

На денешната седница на владата го утврди Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, кој има за цел подобрување на деловната клима во Република Северна Македонија со подобрување на квалитетот на запишаните податоци во катастарот на недвижности, зголемување на процентот на запишаните права во катастарот на недвижности што ќе продуцира со јакнење на вербата во јавната книга, како и зголемување на транспарентноста на институцијата како јавен сервис на граѓаните. 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе