Владата смирува: Има резерви и на нафтени деривати и на жито

Државата има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, соопштија од Владата, порачувајќи им на граѓаните да не се грижат, бидејќи нафтени деривати во државата има, а трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката.

Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини.
Дополнително, Владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени, бидејќи државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.
„Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички податоци, имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017 година, лани е зголемено на 253 илјади тони. Владата и во следниот период продолжува со ова темпо на инвестиции во земјоделското производство, сé со единствена цел да обезбедиме сигурност во производството на стратешките земјоделски гранки.
Ако домашното производство на пченица изнесува 253 илјади тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, секоја година остатокот на пченица се обезбедува од увоз од Србија. Вкупниот увоз на пченица во 2017 година изнесувал 87 илјади тони, додека во 2021 година е намален и изнесува 74 илјади тони.
Увозот на брашно во 2017 година изнесува 53 илјади тони, додека во 2021 година изнесува 41 илјади тони. Увозот на јачмен во 2017 година изнесува 15 илјади тони, а во 2021 година само 950 тони. Ова значи веќе целосно задоволување на домашните потреби од производство на јачмен“, велат од Владата.
Како што појаснуваат оттаму, со оглед дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, Владата и ресорното министерство, континуирано преземаат мерки коишто значат зголемување на домашното производство на житарици. За прв пат е воведена мерка за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта која со новите законски измени ќе изнесува 100%. Зголемена е и субвенцијата за пченица за земјоделците кои имаат површини од 5 до 50 хектари и за прв пат е започната неселективна распределба на државното земјоделско земјиште.исто така, годинава дополнително преку интерветниот фонд е планирана субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе