Владата се подготвува за чествувањето на Гоце Делчев заедно со бугарската Влада

На 4 февруари, како што веќе најави бугарскиот премиер Кирил Петков, Македонија и Бугарија заеднички ќе го чествуваат Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, потврдуваат од македонската Влада.

Во чествувањето не е предвидено да учествуваат премиерите Петков и Димитар Ковачевски, туку тоа ќе го сторат членови на двете влади.

„Во тек е координирање на активностите преку Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија. Она што е извесно е дека делегации од двете влади ќе положат цвеќе на спомен обележјата на Гоце Делчев во Скопје. Не е предвидено тоа до го сторат премиерите, туку други членови на двете влади“, ни одговорија од владината прес-служба.

Информацијата за заедничкото чествување ја објави бугарскиот премиер Петков во неговото реферирање за разговорите со Македонија пред Народното собрание.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе