По шестмесечно туркање на проектот

Владата се откажа од проектот на Рашковски за јавно-приватно партнерство за следење на акцизните стоки

На владината седница одржана на 6 април досенесена е одлука за стопирање на проектот за воведување на јавно-приватно партнерство за обележување и следење на акцизна стока. Проектот беше почнат во Генералниот секретаријат на Владата под раководство на тогашниот генерален секретар Драги Рашковски кој само за физибилити студијата потроши 50 илјади евра. За ова повлекување информативните служби на Владата не дадоа никакво соопштение. Владата до пред два дена убедуваше дека овој проект е во рамките на ЕУ стандардите, а од ЕУ информираа дека кај нив такви примери нема.

Образложнието на Владата беше дека е ова вообичаена пракса во земјите членки на ЕУ, дека Македонија мора да ја воведе оваа новина и да ја намали сивата економија. И покрај тоа што бизнисмените и претставниците на засегнатите индустрии (тутунската, фармацевтската, нафтената и производителите на пијалоци) уште од самиот старт беа против овој проект, Владата на 16 февруари донесе Одлука за почнување постапка за воспоставување електронски систем со кој ќе се маркираат горивата и ќе се следат тутунските производи, алкохолните пијалаци и пивото, како и лековите. Ова уште повеќе го зголеми незадоволството на бизнисмените, но Рашковски на сите средби со претставниците на индустриите упорно го туркаше овој проект до последен момент. Од ЕУ за МКД.мк тогаш велеа дека европските стандарди се многу поинакви од она што тука некој сака да го „протне“.

МКД.мк за оваа проблематика во март објави серија текстови.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе