вторник, 16 април 2024

Отворен повик за регионален уметнички проект

Отворен е повикоѕ за учество во регионалниот уметнички проект ECHO CURVE. Конкурсот е отворен за млади уметници (до 30 години) од Скопје, Нови Сад и Загреб. Крајниот рок за пријавување е 30 април.

Објавено на

часот

Сподели

Проектот ECHO CURVE се реализира преку соработка на три организации – Здружението на уметници „EXP Projekat“ (Нови Сад, Србија), Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ (Скопје, Македонија) и Автономниот културен центар „Attack“ (Загреб, Хрватска). Проектот е поддржан од швајцарската влада, во рамки на  проектот „Култура за демократија“, кој го спроведува Фондацијата „Heartefact“.

Кои се начините на кои младите уметници пренесуваат порака преку нивната уметност? Како комуницираат, меѓусебно, но и со публиката? Како ги користат повратните информации за понатамошно обликување на нивната уметничка практика? Ги покануваме младите регионални уметници, во рамки на овој проект, да ги истражуваат и да отворат дискусија за потенцијалот на уметничката практика како релевантен начин на комуникација во современото општество, соопштуваат организациите.

Проектните активности ќе се одвиваат од мај до ноември 2024 година, и вклучуваат онлајн состаноци со ментор, куратори, како и две посети на Загреб и Скопје.  Во текот на овие активности, а низ соработка со останатите учесници вклучени во проектот, младите уметници концептуално ќе ги развиваат своите идеи за завршната изложба во Нови Сад.

„Охрабруваме апликации кои вклучуваат истражувачки пристап во уметничкиот процес, проекти кои вклучувааат нови медиуми, експеримент, аудио-визуелни дела, инсталации, перформанси и слични форми. Делата кои вклучуваат транспорт би требало да бидат лесно преносливи до Нови Сад, каде што ќе се одржи финалната изложбата во рамки на проектот“, се вели во заедничкото соопштение.

Здружението на граѓани „Проектен простор Прес ту егзит“ е основано во 2004 година од страна на уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска како посебна програмски базирана уметничка иницијатива за истражување и продукција во полето на визуелните уметности и кураторските практики.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ