Регионалната иницијатива не профункционира

Владата се очекува денеска да ја повлече одлуката за влез без ПЦР-тест

По препорака на министерот Филипче и Комисијата за заразни болести ни беше укажано дека согласно со бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници иако во Владата нема ниту едно заразено лице од ковид-19, изјави вчера премиерот Зоран Заев. На денешната онлајн седница се очекува да се ревидира одлуката за влез во Македонија на државјани од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово без ПЦР-тест.

Од завчера Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ја повлекоа од своја страна одлуката што беше регионална иницијатива по принцип на реципроцитет. Поради високиот број заразени во регионот, овие три земји завчера на полноќ ја суспендираа одлуката што и не почна да важи, така што останува обврската за приложување негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа кога се патува во тие држави. За македонските државјани влез без медицинска потврда засега е дозволен само во Косово, Албанија и Турција.

Додека нашата Влада не ја ревидира реципрочно одлуката, влезот кај нас за државјаните на земјите од поранешна Југославија кои се надвор од ЕУ ќе биде без тестот. Вчера, на првиот ден од слободниот влез во земјава, сообраќајот беше зголемен на границата со Косово – колони возила имаше на преминот Блаце и поголема раздвиженост од вообичаено на ГП Јажинце, но не многу фреквентно на преминот Табановце на границата со Србија.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе