Владата сака уставните амандмани да ги дефинира заедно со опозицијата заради национален консензус

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус. Ова го изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција посветена на одлуките од 95. седница на Владата.

„Премиерот Заев е трет ден во Собранието. Сите пораки се кристално и јасно искажани од собраниската говорница. Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи како што вели и премиерот пресериозна е работата. Амандманите ќе ги прави Владата и најдобро е да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус во духот на Договорот од Преспа“, рече Бошњаковски на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на писмото од помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Вес Мичел, до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дали е можна средба Заев-Мицкоски.

Во врска со начинот на кој ќе бидат формулирани амандманите и што се ќе содржат, ќе биде познато штом ќе заврши гласањето во Собранието, рече Бошнаковски посочувајќи дека не сака да шпекулира за нивната содржина.
За писмото од Мичел до Мицкоски, владиниот портпарол рече тоа е само по себе јасно и нема што да додаде

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе