Подготвено ново законско решение

Владата сака безбедни и „чисти“ електронски комуникации

Македонската Влада сака со ново законско решение да ги сведе на минимум ризикот од инволвирање на трета земја во синџирот на снабдување на опремата за електронските комуникациски мрежи, ризикот од голема зависност од еден добавувач и производител на ниво на оператор на национално ниво, како и да се елиминираат ризиците за националната безбедност.

Министрите во Владата вечерва на седница го утврдија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации, соопштија од владината прес-служба.

Целта на измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации, според соопштението на Владата е да се ограничи, забрани и/или наметне специфични барања и услови базирани на процена на ризик, во однос на снабдувањето, употребата и работењето на опремата за електронските комуникациски мрежи, со цел да се обезбедат „чисти и безбедни електронски комуникациски мрежи".

„Измените и дополнувањата на Законот ги земаат предвид и безбедноста на критичните и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи, безбедност на самата опрема или околината (употреба, интерконекција итн.), ризикот од инволвирање на трета земја во синџирот на снабдување на опремата за електронските комуникациски мрежи, ризикот од голема зависност од еден добавувач и производител на ниво на оператор на национално ниво, како и да се елиминираат ризиците за националната безбедност“, информираат од Владата.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе