За непотпишаниот закон за легализација на бесправните објекти

Владата преку јавна дискусија ќе бара оптимално решение за дивоградбите

Законот за легализација на бесправно изградените градби, откако не беше потпишан од претседателот на Македонија се враќа во Собранието на трето читање, а во овој меѓу период од 30 дена, Владата најавува широка дебата.Целта е да се искристализираат позициите на сите засегнати страни и да се пронајде оптимално решение, рече денеска владиниот портпарол Душко Арсовски како одговор на новинарското прашање зошто претходно не се одржала широка дебата.

Арсовски рече дека е добро што ќе има дебата оценувајќи дека тоа значи оти биле слушнати реакциите за законот.

Портпаролот најави дека Министерството за транспорт и врски планира да оствари средби со координаторите на пратеничките групи во Собранието, а предлогот е доставен и до Заедницата на единиците на локалната самоуправа, од каде се очекуваат предлози со цел подобрување на текстот на законот. Во престојниот период, додека законот да се врати во трето читање, ресорното Министерство ќе оствари средби и со граѓански здруженија, асоцијации, при, што како што посочи Арсовски, се очекуваат и нивни предлози.

„Владата е отворена, очекуваме предлози и веруваме дека на крајот ќе се донесе законско решение прифатливо за сите", изјави Арсовски.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе