Владата предлага укинување на Советот за утврдување на факти

Владата предлага укинување на Советот за утврдување на факти и враќање на надлежноста за водење на дисциплинската постапка на Судскиот совет. Одлуката да претстане важењето на Законот за Советот за утврдување на факти, е усвоена на вчерашната владина седница и според најавите од Владата денеска или утре ќе биде доставена до Собранието на Република Македонија.

Поради правните последици кои произлегуваат од овој закон, ќе бидат направени и измени на Законот за Судски совет.

Покрај правните последици, измените во Законот за судски совет, како што појаснуваат од Владата, се прават и со цел да се воведе целосна транспаретност во работата на Советот и да се поедностави дициплинската постапка за утврдување на одговорноста на судија.

„ Она што беше утврдено од страна на Минитерството за правда е дека Судскиот совет во изминатава декада работеше целосно нетранспаретно и членот 33 став 2 со кој се предвидува во кој случај јавноста може да биде исклучена од работата на Советот, била партицирана како правило и граѓаните немале можност да го следат изборот и разрешувањето на судиите. Раководејки се од овие причини и од забелешките на Венецијанската комисија за законите за дисциплинска одговорност и евалуација на судии, како и од препораката на експерти за системски прашања, оценето е дека е неопходно да се пристапи кон измена на одредбите од овој закон со кои ќе се воведе целосна транспретност во работата на Советот и ќе се поедностави дицпилинската постапка за утврдување на одговорноста на судија“, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе