Во Клубот на пратеници

Владата потврди, лидерска средба утре рано наутро

Од Владата на Република Македонија попладнево информираа дека претседателот на Владата на Република Македонија и Претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев закажа лидерска средба. Во информацијата се наведува дека лидерската средба ќе се одржи утре, на 23 јули, во 09:00 часот, во Клубот на Пратениците.

Средбата ќе биде во формат како претходната, односно на неа ќе учествуваат претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса, Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Биљал Касами.

Лидерите на четирите партии ќе се обидат да ги испеглаат разликите и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со престојниот референдум, кој треба да се одржи наесен, а чија евентуална можна формулација ја соопшти Заев на првата лидерска во проширен формат - Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.

На маса се очекува да бидат ставени и условите на ВМРО-ДПМНЕ - Законот за финансирање на партии, измени во Законот за Влада и измени во Кривичниот законик поврзани со амнестијата.

Учесниците на лидерската средбата во четвртокот не постигнаа договор, но како што изјавија по завршувањето на состанокот за некои прашања се приближиле, но за некои имало потешкотии во изнаоѓање заеднички став. Тие по таа средба порачаа дека очекуваат брзо да се најде решение за сите отворени прашања.

Заев тога потенцира дека компромиси не може да се прават околу стратешките цели на Македонија - влез во ЕУ и НАТО и за амнестијата, додека Мицкоски побара европско однесување не само на зборови, туку со дела.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе