ПО ВЧЕРАШНОТО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ

Владата посакува јавен обвинител со углед и интегритет

Примарна цел на новиот јавен обвинител треба да бидат интересите на граѓаните, а обвинителот да биде личност со интегритет и углед и да ги почитува законот и Уставот,изјави денеска Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата. Тој вели дека новиот државен јавен обвинител треба да им ја врати довербата на граѓаните во правосудните институции.

На конференцијта за медиуми Бошњаковски појасни дека Владата на седницата на 22 август до Собранието ќе достави предлог-заклучок до Собранието, по што ќе се објави оглас за нов јавен обвинител во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника. Рокот за пријавување е 15 дена, па потоа Советот на јавните обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена доставува образложено мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите.

Ако Советот не даде мислење во рок од 15 дена, остануваат уште 15 дополнителни дена за мислење, по што, ако нема писмено известување, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Условите за јавен обвинител се: да биде работоспособен државјанин на Република Македонија со општа здравствена способност, кој активно го владее македонскиот јазик, има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник со положен правосуден испит во Република Македонија, како и работно искуство од најмалку осум години по положениот правосуден испит, со потврдени резултати на правни работи, односно е редовен/вонреден универзитетски професор кој предава повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.

Од 1944 година до денес функцијата јавен обвинител на Република Македонија ја извршувале 15 јавни обвинители. Мандатот на државниот обвинител е шест години со право на повторно именување.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе