Владата поништи нови решенија на министерот Чулев и на разрешената министерка Мизрахи

Владата на синоќешната седница донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место, донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Со решенијата, како што информира владината прес-служба, беше предвидено Петар Ѓорѓиевски да стане началник на Одделение за дизајнирање на наставни програми, Центар за обука, Организациски единици за потребите на МВР, Џелал Топалоски полициски советник за СВР во Единицата за стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет, Зоран Дуровски началник на Одделение за полиција, СВР Битола – БЈБ, Горан Митев началник на Одделение за криптозаштита, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавноста и стратешки прашања, Организациски единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи, додека Владимир Велковски требаше да стане самостоен советник за меѓународна соработка во кабинетот на министерот.

Владата вчера донесе одлука за поништување и на решенијата за кадровски промени и овластувања на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи донесени на 14 февруари, на денот кога во Собранието беше покрената постапка за нејзино разрешување.


Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе