Владата подготвува измени во законите за спречување на перење пари

На денешната редовна 72 седница Владата на Република Македонија го утврди новиот текст на Предлог - законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Целта на предложениот закон е негово усогласување со одредбите од 4-та ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.

„Согласно оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и усогласуваат одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување на регистар на вистински сопственици во рамки на Централниот регистар на РМ. Со тоа се предвидува обврска за правните лица да поседуваат, чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоците за нивните вистински сопственици, и се намалува износот на забраната за вршење на готовински плаќања од 15.000 евра на 2.000 евра", соопштуваат од владината прес-служба.

Владата денеска го утврди новиот текст на Предлог - законот за изменување на Законот за трговскитe друштва, во кој се предвидува да се изврши бришење на одредбите за тајни друштва од Законот за трговските друштва за да се зголеми транспарентноста во правниот промет и да се намалат можностите за даночно затајување.

На овој начин и со отстранување на оваа форма од правниот промет, Република Македонија ќе ја задржи оцената за размена на информации по барање на даночни цели и истата ќе има позитивно влијание и во однос на скрининг мисијата на работната група при Советот на ЕУ, која ја креира листата на некооперативни јурисдикции за даночни цели.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе