Владата побарала одложување на мислењето на Венециската комисија, Заев ветува дека препораките ќе бидат применети

Венециската комисија извештајот за Законот за употребата на јазиците во Македонија ќе го поднесе во декември, а не во октомври како што првично беше најавено. По објавувањето на дел од забелешките на експертите на Венециската комисија, Владата побарала одложување на официјалното објавување на мислењето на комисијата.

Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека сите препораки на експертите на Венециската комисија ќе бидат имплементирани во домашното законодавство. Ќе се настојува обезбедувањето на правото за употреба на јазик да не го загрози правото на правда, рече премиерот Заев.

Венециската комисија требаше да ги утврди заклучоците на пленарна седница на 11 и 12 овој месец. Министерката за правда Рената Тренеска-Десковска денеска изјави дека енергијата сега е насочена кон очекуваниот датум за преговори со ЕУ и дека е потребно време за подготовка за добра дискусија пред Венециската комисија. И Десковска се согласува дека препораките на Венециската комисија ќе треба да се применат.

Според неофицијалниот документ, меѓународните експерти на Венециската комисија препорачуваат Владата да се откаже од двојазичноста во судските постапки и да се регулира употребата на албанскиот јазик во меѓуинституционалната комуникација.

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе