Владата одлучи: МВР да ги стопира тековните постапки за распоредувања и унапредувања

Владата на денешната седница донесе заклучок да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги стопира тековните постапки за распоредувања и унапредувања во Министерството бидејќи се спротивни на одредбите од Законот за Влада.

На седницата беше усвоен и предлогот за прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена.

„Владата на денешната 59-та седница донесе заклучок да достави до претседателот на Република Северна Македонија извештај за преземените активности на државните институции за справување со кризата предизвикана од коронавирус со анализа за состојбата и со предлог за прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена, заради неопходните дејствија за справување со КОВИД-19 и заради економските мерки“, информира владината прес-служба.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе