Владата одлучи: Цените на основните прехранбени производи се замрзнуваат до крајот на јануари

Владата на денешната 124-та редовна седница донесе одлука за определување највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Владината прес-служба соопшти дека цените ќе бидат на висина од 1 декември 2021, а одлуката ќе важи до 31 јануари 2022, со можност за продолжување доколку тоа и натаму ќе го бара состојбата на пазарот.

„Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти; свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда. Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало. Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа“, соопшти владината прес-служба.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе