Владата нема добиено пишан документ, а пред бугарското Собрание францускиот предлог ја нема ознаката „тајна“

Комисијата за надворешна политика на бугарското Народно собрание денеска во 15 часот ќе одржи состанок на кој ќе се расправа за Протоколот усогласен меѓу Скопје и Софија, како и за францускиот предлог за преговарачката рамка за кревање на ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Во македонското Собрание пак, не е ниту на видикот расправа по овие прашања. Како што имаат изјавено премиерот Димитар Ковачевски, министерот Бујар Османи и претседателот Стево Пендаровски, Македонија нема добиено „пишан документ“ по кој би можело да се расправа.

Поранешниот министер за надворешни работи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошески, кој вчера со официјално писмо побара од премиерот Ковачевски и министерот Османи да ги достават документите до македонското Собрание, утрово за МКД.мк изјави дека не верува оти државниот врв ја зборува вистината и е сигурен дека и францускиот предлог го имаат во раце.

„До овој момент премиерот Ковачевски и министерот Османи до Собранието ги немаат доставено ниту бугарско-македонскиот протокол, ниту францускиот предлог за преговарачката рамка, иако имаме кредибилна потврда дека ги поседуваат овие документи, како и дека учествувале во нивното усогласување заедно со владата во Софија. Ваквата нетранспарентност од Владата кон Собранието е недемократско поведение, а криењето на овие документи од јавноста упатува на заклучокот дека истите се на штета на Македонија“.

Пред бугарската собраниска комисија пак, како што јавуваат тамошните медиуми, денеска ќе биде презентирано мислењето на Министерството за надворешни работи за нацрт-записникот од заедничката средба според член 12 од Договорот со Република Македонија од 2017 година и пакет документите на Претседателството на Советот на ЕУ, односно францускиот предлог, ед. . / во врска со процесот на проширување.

Францускиот предлог за нацрт-заклучоците на Советот, според БГНЕС, „се однесува на билатерален протокол потпишан меѓу Скопје и Софија, кој јасно ги опишува условите и конкретните чекори за почеток на преговори за Република Северна Македонија за членство во ЕУ“.

Заедно со гаранциите за негова имплементација и самата преговарачка рамка, пишува агенцијата, овој протокол е од клучно значење за Софија, која мора внимателно да процени дали неговата содржина ги исполнува условите на сегашната официјална бугарска позиција, опишана во Рамковниот став за 2019 година.

Бугарското МНР, кое го раководи министерката во оставка Теодора Генчовска, на барањето на партијата на премиерот Кирил Петков, вчера одговори дека „преговарачките документи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија немаат таен печат и се вклучени во јавната евиденција на Народното собрание и на Советот на министри“.

Инаку, Ковачевски и Османи се на став дека не треба да се изјаснуваат по предлозите за надминување на спорот, се додека членките на ЕУ, како и Бугарија како членка, не се произнесат по нив.

Од друга страна, претседателот Стево Пендаровски изјави дека според тоа што го знае од медиумуте, станува збор за најпонижувачки предлози за деблокада на интеграцискиот процес на Македонија со ЕУ и дека официјална Бугарија дури изнела и нови пет предлози, а еден од нив е Бугарите да бидат внесени не само во преамбулата на Уставот, туку и во неговиот нормативен дел.

П.Џ.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе