Бошњаковски му одговори на реисот Реџепи

Владата не се меша во работите на ИВЗ, ама осудува говор на омраза

Северна Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница.

Во врска со обвинувањата на реисот Сулејман Реџепи упатени кон Владата, Бошњаковски рече дека Владата осудува говор на омраза како и секогаш досега и додаде дека институциите што се вклучени во одредени проблематики што се случуваат во ИВЗ ќе го дадат и својот збор во дадено време.

Претходно денеска Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи остро демантираше каква било нивна вмешаност во последните случувања и превирања во Исламската верска заедница (ИВЗ), за што синоќа беше обвинета од реис ул улемата на ИВР Сулејман Реџепи.

Синоќа, по одржаната вонредна седница на Ријасетот на ИВЗ, Реџепи ги обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници и Владата дека се вмешани во последните случувања во Исламската верска заедница.

-Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ. Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета, се наведува во соопштението на Комисијата.

Пробемот ескалира вчера попладне кога со одлука на судот за нов поглавар на ИВЗ беше назначен Скендер Бузаку, кој најави дека од денеска го презема раководењето со верската заедница и дополни дека тој ја има повикано финансиската полиција да ги детектира неправилностите во работата на раководните тела на ИВЗ. На тоа реагираше Ријасетот на ИВЗ и лично реисот Реџепи, обвинувајќи ги Комисијата за верски заедници и владата за грубо мешање во нивната работа.

 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе