Седница на кабинетот на премиерот

Владата најави бесплатен интернет на јавни површини

На денешната владина седница била разгледана и усвоена информацијата за обезбедување бесплатен интерент на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата. На седницата било соопштено дека САД ја зголеми вредноста на грантот за партнерство со нашата држава од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари.

„За реализација на оваа програма Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје како носител на реализацијата на проектот за обезбедување на бесплатен државен ви-фи на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори до крајот на 2021 година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи да подготви и достави предлог листа на локации за обезбедување бесплатен државен интернет за цела територија на државата, за добивање согласност од Владата, согласно препораките за обезбедување бесплатен државен Ви-фи на отворени јавни површини“, се вели во владиното соопштение.

До крајот на април идната година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето на овој проект.

На истата седница било соопштено дека САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со нашата држава  од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари.

Заради тоа, потребано е да се склучи делумно нов усогласен текст на договорот за грант за партнерство за развој меѓу нашата земја и САД, за што е задолжен министерот Фатмир Бесими.

„Овие средства УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата“, информира Владата..

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе