Тирана

Владата на Албанија не ги усвојува подзаконските акти за малцинствата во Албанија (ВИДЕО)

Според истражувањето на Институтот за политички студии, албанската влада не ги има усвоено скоро 46% од подзаконските акти од законот за заштита на националните малцинства во Албанија. Претседателот на Институтот за политички студии, Африм Красниќи, вели дека Албанија има можност да ги исполни правата на малцинствата, но има тешкотии во целосно спроведување на истите. Пратеникот Лигорак Карамело рече дека со не носењето на поздаконските акти грчката заедница во Албанија ги губи основните права што треба веднаш да бидат исполнети.

Васил Стерјовски

Пратеникот Васил Стерјовски ја дели истата загриженост за македонското малцинство. Според него, Владата сè уште нема планирано фонд во буџетот за 2020 година. „Во буџетот за 2020 година, Владата не планира средства за малцинствата за заштита на нивната култура, за заштита на идентитетот на малцинствата. Областите каде живеат малцинствата, особено областите каде што живее македонското малцинства не се финансираат, и се запоставени не само од оваа Влада, туку од сите влади во последните 30 години и гледаме дека нема чекор напред во овој процес, во процесот на подобрување на правата малцинства во нашата земја”, изјави Стерјовски.

Исполнувањето на обврските кон малцинствата во Албанија беше едно од петте точки што Европската Унија ги постави како услов владата да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ”, стои во прилогот на ТВ Тема. Институтот за политички студи од Тирана за потребите на нивното истражување го праша и пратеникот Васил Стерјовски кои изјави дека „овој закон дојде затоа што тоа беше еден од условите на Албанија за интеграција во ЕУ, но законот не се спроведува во многу негови елементи. Не носењето на подзаконските акти негативно влијание не само врз законот и врз националните малцинства, туку и на самите стандарди на демократија, добро владеење како и интересите на Албанија во процесот на интеграција”, стои во извештајот на Институтот за политички студи од Тирана.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе