НА ДЕНЕШНАТА, 27-МА СЕДНИЦА

Владата му наложи на ЕЛЕМ да ги реши превработеноста и високите трошоци

Посебно внимание на денешната, 27-ма владина седница ѝ беше посветено на информацијата за затекнатата состојбата во АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во периодот од почетокот на оваа година, до 1 август, соопшти владината прес-служба.

Според оваа анализа, производството на електрична енергија во ЕЛЕМ е во континуирано опаѓање, додека, пак, потрошувачката на јаглен и мазут, по произведен мегават електрична енергија, е во постојан пораст. Оваа нелогичност во работењето на ЕЛЕМ, според согледувањата во информацијата, се должи на несоодветната ревитализација на соодветните капацитети за електрична енергија, како и на недомаќинското работење со склучување скапи договори со надворешни компании од поранешното раководство.

Карактеристика во затекнатото работење на АД ЕЛЕМ е прекумерната и непродуктивна превработеност, а за платите и хонорарите на преку 5.489 вработени и ангажираните лица со авторски договори, во 2016 година биле потрошени 56,8 милиони евра. 

Како исклучително високи трошоци за разни услуги, највисоки се оние за услугите на адвокатски канцеларии во земјата и во странство, кои за три години изнесуваат 2,5 милиони евра.

Како заклучок на денешната седница, Владата на РМ му препорача на новото раководство на АД Електрани на Македонија, да предложи решенија за оваа ситуација во која се наоѓа компанијата, да ги стави во употреба сите капацитети за да го зголеми производството на електрична енергија за да се избегнат евентуални проблеми со недостиг од струја и за да се избегне фактот што навестува најниско производство на електрична енергија во историјата на ЕЛЕМ.

На денешната седница владата ги разгледа и усвои повеќе годишни извештаи за работењето на одреден број јавни претпријатија, како и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2016 година по предлог на Јавното обвинителство, при што го зеде предвид мислењето на Министерството за правда, во кое се наведува дека во извештајот не е содржан критички осврт за постапувањето, односно непостапувањето на јавните обвинителства по одредени предмети, како на пример, барањето за законитост за притвор за лица во бегство, како и за нестручното постапување во врска со крвавите настани во Собранието на Република Македонија на 27 април.

Меѓу другото, врз основа на усвоената Декларацијата за слободни и фер избори, со препораки за однесувањето на државните службеници за време на изборните процеси на сите носители на јавни и државни функции, владата денеска донесе Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес, како една од одредниците на Планот 3-6-9 за итни реформи.

На денешната седница, врз основа на информацијата за надминување на состојбата во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес“ дооел (Колска Велес), е донесена одлука за финансиска поддршка на „Колска“, со цел воспоставување на редовен тек на работите во фабриката и грижа за работниците. За оваа цел на седницата е донесена одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, најдоцна до 15 септември.

Освен тоа, беше прифатен текстот на Анексот кон Договорот за изградба на автопатот Миладиновци - Штип заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата Синохидро. Договорот за изградба на патната делница Миладиновци - Штип ќе биде потпишан откако ќе биде усвоен низ процедурата во Собранието, соопшти владината прес-служба.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе