Владата ќе расправа за Законот за стечајци

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна седница меѓу другото ќе расправа за Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Владината прес-служба соопшти дека на денешната седница ќе биде разгледана информација за текот и напредокот на активностите за реализација на проектот „Поддршка на воздухопловна федерација“ на предлог на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација, М-НАВ АД Скопје.

На предлог на Канцеларијата на премиерот министрите ќе разгледаат информација за потпишување на Договор меѓу Република Северна Македонија и организаторите на EXPO Dubai 2020.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за вклучување на училиштата во иницијативата за саморефлексија при користење  дигитална технологија во образовниот процес преку употреба на алатката „Селфи“ која веќе се употребува во 35 земји и е изработена од страна на Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе