Утре седници во Скопје и во Тетово

Владата ќе расправа за предлогот за субвенционирање на печатените медиуми

Владата за утре најави две седници, првата претпладне во Скопје, а втората вечерта во Тетово. Според најавата од владината прес-служба, на првата седница треба да се утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

На предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ќе биде ставена на усвојување Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година, а на предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата ќе одлучува и по Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.

Министерството за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе