Поради опасност од зараза

Владата ќе работи онлајн

Седницата на Владата закажана за вторник по препорака на Комисијата за здравство ќе се одржи без физичко присуство, а премиерот очекува онлајн седници да одржува и Собранието на Македонија, како што е тоа пример со парламентите во многу земји. Министерот за здравство Венко Филипче апелира до пратениците да се согласаат парламентот да работи онлајн.

 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека им препорачува на пратениците Собранието да работи онлајн, без физичко присуство, додека не се надминат ризиците од епидемијата во Македонија.

-Така пратениците ќе си го заштитат и своето здравје избегнувајќи го групирањето.Не гледам зошто би имало пречка своите обврски да ги извршуваат преку видео - врска, вели Филипче.

Од друга страна, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не доаѓа предвид одржуваање на онлајн седници на парламентот.

И премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува Парламентот да почне да работи онлајн, откако двајца пратеници излегоа позитивни на ковид-19. Тој верува дека власта и опозицијата ќе се договорат да работат онлајн и на таков начин да биде изгласан и Буџетот и информираше дека следната владина седница ќе биде, исто така, онлајн по препорака на здравствените власти.

„Верувам дека парламентот веднаш ќе помине на онлајн опција доколку пратениците така се договорат, согласно Деловникот. Владата наредната седница во вторник ќе се одржи онлајн. Ние немаме сè уште лице со симптоми или заразено, но по препорака на министерот Венко Филипче и Комисијата за здравствена заштита ни беше укажано дека согласно бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници. Верувам дека и Парламентот ќе биде многу разумен и ќе ја воспостави онлајн работата затоа што тоа го направија, колку што гледам, речиси сите парламенти и во регионот и во Европа“, рече Заев.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе