Владата ќе одлучува за патувања без ПЦР-тест во земјите од регионот

Владата на денешната седница треба да ги разгледува препораките од Комисијата за заразни болести и да донесе одлука за патувања без ПЦР-тестови во земјите од регионот, Србија, Црна Гора и Косово. 

Предлог одлуката за отворање на границите со посочените земји без ПЦР тестирање Комисијата ја донесе вчера на седница, врз основа на анализа според која, во моментов нема индикација, односно нема висок број на увезени случаи во земјава со ковид-19 од овие неколку држави. Согласно со тоа, Комисијата, како што соопшти Министерството за здравство, констатирала дека нема ризик и е безбедно отворањето на границите. Истовремено, се укажува дека во Европската Унија, сите граници на движење се без ПЦР-тестови.

Аргументите на Комисијата денеска пред Владата на нејзината редовна седница ќе ги пренесе министерот Венко Филипче по што Владата ќе донесе одлука, но премиерот Зоран Заев, очекува тоа да се однесува само за најнеопходни патувања.

„Не сакаме да бидеме изолирани од регионот, ако регионот е отворен, тогаш треба да бидеме и ние. Мала земја сме, поврзани сме со регионот за здравствени искуства и во делот на економијата. Поприлично сме позитивни кога стручните луѓе од Комисијата даваат сугестии, но секако тие ќе бидат патување – да, без ПЦР, но само кога е најнеопходно“, изјави вчера Заев.

Тој рече дека се работи за регионална иницијатива, а регионот, како што рече, е мал со приближно исти бројки на заразени.

„Подоминантно е целиот фокус на секоја од земјите да биде на личната заштита отколку на колективното поврзување. Сите сме исплашени од бројките кои растат и сакаме да ги почитуваме стручните луѓе од здравството. Албанија, Косово и Црна Гора се веќе отворени, чекаме одговор од Србија, Бугарија“, додаде Заев.

Македонските граѓани во моментов од земјите во регионот можат да патуваат без ПЦР тест само во Албанија и Турција. Деновиве Грција ја продолжи одлуката до 12 октомври за копнените граници и за забраната за влез на државјани од трети земји.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе