На денешната седница

Владата ќе го разреши Велковски, Тони Јакимовски од СВР Скопје најсериозен кандидат за директор на БЈБ

Разрешувањето на Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) е на дневен ред на денешната владинa седница. Според неофицијалните информации најсериозен кандидат за негов наследник на чело на БЈБ е Тони Јакимовски,  досегашен началник на СВР Скопје.

Јакимовски важи за близок соработник на Велковски, а бил и член на МАРРИ регионалниот центар.

Предлогот за разрешување на Велковски беше поднесен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пред една седмица, откако Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ бил пратен во Грција со налог потпишан од директорот на јавна безбедност, а со возилото управувал вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. Џипот, според пишувањата на медиумите, ги превезувал ќерката на Велковски и нејзини другарки.

Премиерот Зоран Заев вчера по одбележувањето на годишнината на Рамковниот договор, рече дека директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, иако е професионалец, направил грешка и поради тоа треба да понесе одговорност и додаде дека предлогот за неговото разрешување на е внатрепартиска пресметка.
ѝСекако јас верувам дека тој ќе остане и понатаму значаен фактор во МВР заради тоа што е важен со неговото искуство и е од помош на државата“, изјави Заев.

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе