Владата ќе го продава „мерцедeсот“ на аукција со почетна цена од 230.000 евра

„Мерцедесот" што беше купен за 600 илјади евра, Владата на Република Македонија на денешната седница реши да го продава на аукција со почетна цена од 230.000 евра.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски по денешната седница на Владата преку видео на Твитер соопшти дека „мерцедесот“ што беше набавен по барање на поранешниот премиер Никола Груевски, ќе биде ставен на електронско јавно наддавање. 

Инаку, на германскиот пазар на веќе употребени возила, ваков „мерцедес“ (S 600 L GUARD) со поминати 58.900 километри,чини 329.900 евра. 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе