Признание, награди, помош…

Владата ќе го плати патувањето на екипата на „Медена земја” на доделувањето на Оскарите

Како признание за најголем филмски успех на македонските филмски уметници и протагонисти на филмот „Медена земја”, Владата на вечерашната седница усвои повеќе предлог заклучоци за згрижување на протагонистите и за награди на филмската екипа на „Медена земја”.

Владата, како што соопшти владината прес-служба, го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги преземе сите потребни активности со кои ќе обезбеди материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот.

Министерството за култура има задолжение да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на петчлената екипа која го сними филмот, која треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест. 

Владата, исто така препорача Агенцијата за филм да организира прес-конференција на која ќе разговара за улогата на владината агенција и фер распределбата на буџетските средства за поддршка на македонски филмови, и да се поканат и продуцентите, односно филмската екипа.

Министерството за животна средина и просторно планирање доби задача да организира серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, а Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука, да организираат емитувања на филмот „Медена земја” за сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, за широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот.

Канцеларијата на премиерот презема обврска, во соработка со продуцентите на филмот да организира бесплатно емитување на филмот за граѓаните во кината, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик.

Како дел од одлуките за признание за авторите и протагонистите на филмот „Медена земја”, Владата ги задолжи Генералниот секретаријат, во соработка со Агенција за филм и Канцеларијата на претседателот на Владата, да ги преземат патните трошоци околу патувањето на петчлената филмска екипа и протагонистката на доделувањето на Оскарите, се додава во владиното соопштение.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе