Владата ќе бара соодветни простории за Антикорупциската комисија, вели Заев

Владата и натаму ќе бара соодветни простории за Антикорупциската комисија, истакна Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање зошто новата зграда отиде во рацете на Министерството за политички систем на Артан Груби, наместо кај ДКСК.

Според Заев, лани владата одвоила пари за реконструкција на постојните простории на Антикорупциска, а за оваа година наместо 11 милиони денари, предвидени се плус 38 милиони денари за компјутери и опрема.

„Оваа Влада покажува комплетна насоченост и почитување на сите регулаторни тела во државата и презема конкретни мерки за нивно подобро функционирање, а пред се кон Државната комисија за спречување на корупцијата. По нејзините укажувања државата има постапувано неколку пати и секогаш сме за пример во делот на постапувањето како Влада - дали станувало збор за вработување и судир на интереси што биле воочени кај некои луѓе, дали за постапување на одредени директори за кои беше укажано и Владата ги разгледуваше и постапуваше по тие случаеви, дали за конкретни случаеви за кои се расправаше на посебни седници на Владата, токму со цел како Влада да бидеме респонзивни кон укажувањата на Комисијата, така што сето тоа е докажано и и е добро познато на јавноста, објасни премиерот Заев алудирајќи на тоа колку Владата со која раководи ја почитува ДКСК како регулаторно тело.

Според него, Владата останува да им служи на сите институции, без разлика дали тие се владини, независни, правосудни, општински...

Разликата е само во тоа што првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, исто како и другите министри, направија откажување од многу други непродултивни трошоци, и за сметка на тоа му се врати кредитот на ЈП за станбен и деловен простор, за кој државата плаќаше камати. И сега со овие пари Станбеното ќе го врати кредитот, и ќе се намали задолженоста. Тоа се само два различни модели за обезбедување на просторот“, рече Заев.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе