КОАЛИЦИЈАТА ГО РЕШАВА СЛУЧАЈОТ „КРСТ“

Владата ја анулира одлуката за изградба на крст во Бутел!

Владата вечерва на седница донесе одлука со која се анулира одлуката на Советот на општина Бутел за изградба на крст на кружниот тек на влезот во општината. OБСЕ посредува во надминување на проблемите.

Владата на итна седница вечерва одлучи да се поништи одлуката која Советот на општината ја имаше донесено за изградба на метален православен крст. Како што јави порталот на албански јазик „Албеу“, македонската влада реши да ја донесе ваквата одлука поради категоричното противење на ДУИ за изградба на ваков верски симбол во мултиетничата општина.

Вечерва потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, додека се демонтираа шаторите, рече дека е добиено уверување дека ОБСЕ ќе посредува во надминување на проблемите.

Претходно, пред седницата на Владата, вечерва и претходеше прес конференцијата на ДУИ во близината на местото каде во саботата започна изградбата на крстот, на која Меџити соопшти дека протестите се прекинуваат поради верскиот празник Задушница, со напомена дека ДУИ инсистира на преговори за воведувањето на Бадинтер при носењето на вакви одлуки и тоа, како во општината Бутел, така и во целата земја.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе