Спасовски во Куманово

Владата итно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за влез на граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со ПЦР тестови

Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР не постар од 72 часа за сите граѓани кои влегуваат во земјава од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора и врз основа на тоа ќе донесе одлука.

„Денеска има таков предлог од Комсијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука“, изјави премиерот Оливер Спасовски при денешната посета на Куманово, одговарајќи на новинарски прашања.

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравтво.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Комисијата за зарaзни болести најави дека оваа препорака ќе ја достави до Владата за понатамошно постапување.

 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе