ПРОЕКТИ ВО ЗАСТОЈ

Владата и „Синохидро“ допрва ќе се договараат за колку пари и време ќе се пролонгира автопатот Кичево - Охрид

Наредната недела во Македонија ќе дојде заменикот министер за надворешни работи на Кина со делегација. Се претпоставува дека дел од неговата задача во земјава ќе биде токму средувањето на сите недоразбирања на релација Министерство за транспорт и кинеската компанија „Синохидро“ задолжена за изградбата на автопатиштата Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип. Засега е сигурно дека договорениот рок за сечење на лентата за овие проекти ќе се пролонгира а за кога и за колку плус пари допрва ќе се знае.

Автопатот Кичево-Охрид е долг 57 километри, а договорена беше цена од 373 милиони евра. Според официјалните информации на новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески имало сериозни пропусти во проектирањето на автопатот и биле констатирани сериозни неусогласености меѓу проектната документација и реалната состојба на терен.

Сигурно е само едно - дека автопатот нема да се отвори во јануари наредната година и дека сигурно нема да чини 373 милиони евра. Колку повеќе? За тоа од Министерството за транспорт велат дека се чекаат сите експертски анализи и проекции. Можно е сумата да биде надмината дури и за стотина милиони евра. Досега се завршени половина од работите.

Пред два дена владини министри и претставници на „Синохидро“ потпишаа анекс на договорот за пролонгирање на автопатот Миладиновци-Штип, до септември 2018. Планот беше овој автопат да биде завршен во мај годинава. Досега на овој автопат се завршени 74 отсто од градежните работи.

Специјалното јавно обвинителство за овие тендери го отвори случајот „Траекторија“. Врз основа на индиции од нелегално прислушуваните разговори поранешни високи функционери се осомничени за земање провизија и местење на работата на автопатиштата во корист на кинеската компанија. Никола Груевски е првоосомничен во случајот „Траекторија“ за злоупотреба на службената положба, односно за местење на тендер за избор на фирма изведувач на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Осомничени се и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и уште еден функционер. Тие се осомничени дека го оштетиле буџетот за 155 милиони евра.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе