По заканите кон Македонија од Бугарија - членка на НАТО

Владата и Шекеринска ја осудија изјавата на министерот Каракачанов

Начинот на комуникација на еден министер за одбрана не доликува на земји членки на НАТО, смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска прашана за став по однос на изјавата на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов,инаку министер за одбрана на земја членка на НАТО, кој рече дека „ако треба" ќе прати еден полк војска во Скопје за да ги тргне спомениците. И новоименуваниот портпарол на Владата Душко Арсовски ја осуди оваа изјава.

Шекеринска рече дека поминало времето кога министри за одбрана во регионов даваат изјави, како таа што ја изнесе бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, а некој да ги смета за сериозни и оти таквиот начин на комуникација не доликува на земји-членки на НАТО.

„Македонскиот јазик и македонскиот народ се реалност и ниту едни политички преговори, ниту политички препукувања нема да ја сменат таа реалност. Меѓутоа можеме да направиме подобра иднина за нашите народи и да создадеме повеќе шанси за нашите млади. Ние така ја гледаме нашата задача.

Очекуваме Бугарија истото да го прави и сега, бидејќи пријателските народи македонскиот и бугарскиот можат да одат напред само ако меѓусебно се поддржуваат,", изјави Шекеринска по свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски".

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, за изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во земјава на кои пишува „бугарски фашистички окупатори" ги оцени како недостојни и недолични, коментирајќи дека претставници на две земји членки на НАТО не може да комуницираат на ваков начин меѓу себе.

„Убедени сме дека земја сосед која прва ја призна независноста и беше промотор на патот на интеграцијата кон НАТО и ЕУ нема да помисли да го оспорува правото на идентитетско самоопределување на пријателскиот македонски народ. Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија", рече Арсовски.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе