Владата го осуди палењето на макетите на Заев и Шекеринска пред македонскиот конзулат во Мелбурн

Владата денеска најостро го осуди инцидетот што се случил пред конзулатот на Македонија во Мелбурн.

Група македонски иселеници изутрината се собрале пред македонскиот конзулат во Мелбурн каде запалиле грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска, извикувајќи навреди за актуелната власт.

„Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува вандалското и недолично однесување на мала група пред конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн. Ваквите дејства го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност. Говорот на омраза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротивставија и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди“, се наведува во реакцијата на Владата, која на својот фејсбук-профил ја објави министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Се додава дека говорот на омраза поттикнува насилство, а сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции.

„Палењето знамиња на држави и макети од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, не се никаква одлика на патриотизам, ниту пак се слика за нашата дијаспора. Овие срамни изолирани дејствија нема да наштетат на гордоста да се биде Македонец или граѓанин на нашата земја, дома или надвор од границите на Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата.

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе