Владата го демантира Ахмети: Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, велат од Владата за МИА, по толкувањата во јавноста на изјавата на лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата Али Ахмети околу државните симболи.

„Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта. Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој,  економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат“, потенцираат од Владата.

Ахмети во интервју за ТВ Клан, како што пренесоа дел од медиумите,  вели дека „се разговарало и за химната и за грбот и за знамето, како и дека овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците".

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе