Влада

Институциите добија нови имиња, „македонски” стана „национални”

Владата на денешната седница донесе одлука да ги задолжи сите институции да извршат промена на јавните табли на своите влезови во однос на името на државата, согласно со амандманите 33, 34, 35 и 36 од Уставот, Уставниот закон за спроведување на амандманите и Законот за употреба на јазиците.

Одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е донесена по предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Владата на седницата ги задолжи институциите да извршат и проверка дали се променети сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-странци, медиуми,…), како и меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120. седница, и во рок од седум дена до Меѓуресорска работна група да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

Со овие измени вкупно 136 институции, ќе добијат нови имиња, кои од претходните ќе се разликуваат по тоа што „Република Македонија" во името се менува во „Република Северна Македонија", додека институциите кои имаат „македонски/македонска" во името треба да го заменат со „национални-национална".Па така Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија Скопје ќе треба да го промени називот во Јавно радиодифузно претпријатие Национална радио-телевизија Скопје, Националната установа Македонска филхармонија ќе стане Национална филхармонија, Македонска радиодифузија ќе се применува во Национална радиодифузија, а Македонската опера и балет во Национална опера и балет.

Нов назив ќе добие и Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и музеј на жртвите на комунистичкиот режим, кој ќе се нарекува Музеј на македонската борба за самостојност.

ЛИСТА НА ИНСТИТУЦИИ СО НОВ НАЗИВ


1
Република Македонија Национална установа-ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА-Дебар
Република Северна Македонија Национална установа-ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА-Дебар
2
Република Македонија Национална установа- Манифестација СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Струга
Република Северна Македонија Национална установа-Манифестација СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Струга
3
Национална установа-Музеј ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ВО НОВ Кичево
Национална установа-Музеј ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ВО НОВ Кичево
4
Република Македонија Национална установа-ОХРИДСКО ЛЕТО Охрид
Република Северна Македонија Национална установа-ОХРИДСКО ЛЕТО Охрид
5
Република Македонија, Национална установа-Библиотека ГРИГОР ПРЛИЧЕВ Охрид
Република Северна Македонија, Национална установа-Библиотека ГРИГОР ПРЛИЧЕВ Охрид
6
Република Македонија,Национална установа Центар за култура ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ ЏИНОТ Велес
Република Северна Македонија,Национална установа Центар за култура ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ ЏИНОТ Велес
7
Република Македонија Национална установа МУЗЕЈ Куманово
Република Северна Македонија Национална установа МУЗЕЈ Куманово
8
Република Македонија Национална установа-МУЗЕЈ НА ТЕТОВСКИОТ КРАЈ Тетово
Република Северна Македонија Национална установа-МУЗЕЈ НА ТЕТОВСКИОТ КРАЈ Тетово
9
Република Македонија Национална установа-Библиотека КОЧО РАЦИН-Тетово
Република Северна Македонија Национална установа-Библиотека КОЧО РАЦИН-Тетово
10
Република Македонија Средно општинско училиште КОСТА СУСИНОВ Радовиш
Република Северна Македонија Средно општинско училиште КОСТА СУСИНОВ Радовиш

11
ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА Радовиш
ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА Радовиш
12
Република Македонија Oпштинско основно училиште КИРИЛ И МЕТОДИЈ Свети Николе
Република Северна Македонија Oпштинско основно училиште КИРИЛ И МЕТОДИЈ Свети Николе
13
Република Македонија Општинско основно училиште ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ п.о.Свети Николе
Република Северна Македонија Општинско основно училиште ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ п.о.Свети Николе
14
Република Македонија Општинско основно училиште ДАМЕ ГРУЕВ с.Ерџелија Свети Николе
Република Северна Македонија Општинско основно училиште ДАМЕ ГРУЕВ с.Ерџелија Свети Николе
15
Јавно претпријатие СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ц.о.-Скопје
Јавно претпријатие СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ц.о.- Скопје
16
Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта МАКЕДОНИЈАПАТ- Скопје ц.о.
Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о.
17
Општинско основно училиште РАЈКО ЖИНЗИФОВ Кисела Вода,Скопје, Симбол на кинеско-македонско пријателство
Општинско основно училиште РАЈКО ЖИНЗИФОВ Кисела Вода,Скопје, Симбол на пријателство на Кина и Северна Македонија
18
Средно училиште на Град Скопје ЛАЗАР ТАНЕВ Скопје, Република Македонија Shkolle e mesme е Qytetit te Shkupit Lazar Tanev-Shkup,Republika e Maqedonise
Средно училиште на Град Скопје ЛАЗАР ТАНЕВ Скопје, Република Северна Македонија Shkolle e mesme е Qytetit te Shkupit Lazar Tanev-Shkup,Republika e Maqedonise se Veriut
19
Средно училиште на Град Скопје МАРИЈА КИРИ- СКЛОДОВСКА Скопје Република Македонија-Shkolla e mesme e qyteti te Shkupppit Marija Kiri-Sklodovska Shkup.Republika e Makedonise
Средно училиште на Град Скопје МАРИЈА КИРИ-СКЛОДОВСКА Скопје Република Северна Македонија-Shkolla e mesme e qyteti te Shkupppit Marija Kiri-Sklodovska Shkup,Republika e Makedonise se Veriut

21
Република Македонија,Национална установа КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР-СКОПЈЕ Скопје
Република Северна Македонија,Национална установа КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР-СКОПЈЕ Скопје
22
Република Македонија – Национална установа – НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Скопје
Република Северна Македонија – Национална установа – НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
23
Јавна установа ЗООЛОШКА ГРАДИНА на град Скопје-Скопје Република Македонија
Јавна установа ЗООЛОШКА ГРАДИНА на град Скопје-Скопје Република Северна Македонија
24
Република Македонија Национална установа-МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ Скопје
Република Северна Македонија Национална установа-МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ Скопје
25
Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје
Јавно радиодифузно претпријатие НАЦИОНАЛНА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје
26
Општинска јавна установа Партизански дом Сандево с.Сандево,општина Чучер Сандево,Република Македонија
Општинска јавна установа Партизански дом Сандево с.Сандево,општина Чучер Сандево,Република Северна Македонија
27
Република Македонија,Национална установа-Ансамбл за народни игри и песни ТАНЕЦ Скопје
Република Северна Македонија,Национална установа-Ансамбл за народни игри и песни ТАНЕЦ Скопје
28
Национална установа МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР Скопје
Република Северна Македонија, Национална установа МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР Скопје
29
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
30
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
31
Народна банка на Република Македонија
Народна банка на Република Северна Македонија

32
Фонд на ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Ц.О. Скопје
Фонд на ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Ц.О. Скопје
33
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
34
Собрание на Република Македонија
Собрание на Република Северна Македонија
35
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ЗАКОНОДАВСТВО Скопје
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ЗАКОНОДАВСТВО Скопје
36
ВРХОВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
ВРХОВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
37
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
38
Република Македонија-Национална установа ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА-Скопје
Република Северна Македонија- Национална установа ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-Скопје
39
ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
40
Јавна установа-Градска библиотека БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ Скопје Република Македонија
Јавна установа-Градска библиотека БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ Скопје Република Северна Македонија
41
Република Македонија, Национална установа НАЦИОНАЛНА И УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Скопје
Република Северна Македонија, Национална установа НАЦИОНАЛНА И УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Скопје
42
Република Македонија Национална установа- МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА-Скопје
Република Северна Македонија Национална установа-НАЦИОНАЛНА ФИЛХАРМОНИЈА- Скопје
43
Ј.З.У.Институт за јавно здравје на Република Македонија Скопје
Ј.З.У.Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија Скопје

44
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
45
Република Македонија Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје Јавна научна установа Институт за фолклор Марко Цепенков-Скопје
Република Северна Македонија Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје Јавна научна установа Институт за фолклор Марко Цепенков-Скопје
46
Република Македонија – Универзитет "СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ"во Скопје
St.Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of Macedonia
Република Северна Македонија – Универзитет "СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ"во Скопје_x000D_ St.Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of North Macedonia
47
УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
48
Средно училиште на Град Скопје Браќа Миладиновци- Скопје, Република Македонија Shkolla te mesme te Qytetit Shkup,Braga Milladinovci Shkup
Средно училиште на Град Скопје Браќа Миладиновци-Скопје, Република Северна Македонија Shkolla te mesme te Qytetit Shkup,Braga Milladinovci Shkup
49
Република Македонија,Национална установа-ТУРСКИ ТЕАТАР-Скопје
Република Северна Македонија,Национална установа-ТУРСКИ ТЕАТАР-Скопје
50
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО Скопје
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО Скопје
51
ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ Скопје
ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РСМ Скопје
52
Република Македонија Национална установа ДРАМСКИ ТЕАТАР Скопје
Република Северна Македонија Национална установа ДРАМСКИ ТЕАТАР Скопје
53
РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
54
Јавна установа МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Скопје Република Македонија
Јавна установа МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Скопје Република Северна Македонија

55
Република Македонија,Национална установа Кинотека на Македонија Скопје
Република Северна Македонија,Национална установа Кинотека на Република Северна Македонија Скопје
56
Република Македонија- Општинска установа Дом на култура Драги Тозија Ресен
Република Северна Македонија- Општинска установа Дом на култура Драги Тозија Ресен
57
Република Македонија, Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија – Академик Илија Васков Скопје
Република Северна Македонија, Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија – Академик Илија Васков Скопје
58
Република Македонија,Општина Врапчиште општинска установа Дом на култура ШОТА с.Неготино Полошко Republika e Maqedonise,Komuna Vrapcisht institucioni komunal pallati kultures SHOTA Negotina e Pollogut
Република Северна Македонија,Општина Врапчиште општинска установа Дом на култура ШОТА с.Неготино Полошко_x000D_ Republika e Makedonise se Veriu,Komuna Vrapcisht institucioni komunal pallati kultures SHOTA Negotina e Pollogut
59
Република Македонија-Универзитет "СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"- Битола
"St. Kliment Ohridski "University-Bitola,Republic оf Macedonia
Република Северна Македонија- Универзитет "СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"- Битола_x000D_ "St. Kliment Ohridski "University-Bitola,Republic оf North Macedonia
60
Република Македонија Национална установа Центар за култура – Битола
Република Северна Македонија Национална установа Центар за култура – Битола
61
СЛУЖБА ЗА ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
СЛУЖБА ЗА ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
62
Република Македонија Национална установа МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА Скопје
Република Северна Македонија Национална установа МУЗЕЈ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје

63
Република Македонија НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА НАЦИОНАЛЕН КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР Скопје
Република Северна Македонија НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА НАЦИОНАЛЕН КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР Скопје
64
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
65
Република Македонија Јавна здравствена установа Завод за нефрологија Струга
Република Северна Македонија Јавна здравствена установа Завод за нефрологија Струга
66
Јавна општинска установа Дом на култура МАКЕДОНИЈА Гевгелија
Јавна општинска установа, Дом на култура, Гевгелија
67
Република Македонија Национална установа-ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ-Скопје
Република Северна Македонија Национална установа-ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ- Скопје
68
Акционерско друштво за аеродромски услуги АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје
Акционерско друштво за аеродромски услуги АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје
69
Република Македонија Национална установа-МУЗЕЈ Гевгелија
Република Северна Македонија Национална установа-МУЗЕЈ Гевгелија
70
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
71
Комисија за хартии од вредност на Република Македонија Скопје
Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија Скопје
72
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ-ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ-ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
73
Република Македонија ,Јавна здравствена установа ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ Тетово
Република Северна Македонија, Јавна здравствена установа ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ Тетово
74
СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје

75
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ на Република Македонија
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ на Република Северна Македонија
76
Акционерско друштво за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје
Акционерско друштво за поштенски сообраќај Национална пошта во државна сопственост-Скопје
77
Акционерско друштво Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост
Акционерско друштво Национална информативна агенција – Скопје во државна сопственост
78
Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми МАКЕДОНСКИ ШУМИ П.О.-Скопје
Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ П.О.- Скопје
79
Јавно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА- СКОПЈЕ
Јавно претпријатие НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА-СКОПЈЕ
80
Јавно водостопанско претпријатие ВОДОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА-Скопје
Јавно водостопанско претпријатие ВОДОСТОПАНСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-Скопје
81
Република Македонија, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Јавна научна установа, Институт за македонска литература – Скопје
Република Северна Македонија, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Јавна научна установа, Институт за македонска литература – Скопје
82
МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ АД Скопје
НАЦИОНАЛНА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ АД Скопје
83
АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
84
Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија-Скопје
Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија-Скопје
85
ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
86
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје

87
АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
88
Република Македонија Национална установа-ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА АСНОМ Гостивар
Република Северна Македонија Национална установа-ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА АСНОМ Гостивар
89
Република Македонија Национална установа МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ Скопје
Република Северна Македонија Национална установа НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ Скопје
90
АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ПРОМОЦИЈА НА ИЗВОЗОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ПРОМОЦИЈА НА ИЗВОЗОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
91
ОПЕРАТОР НА ЕЛЕКТРОПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ НА МАКЕДОНИЈА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Скопје
ОПЕРАТОР НА ЕЛЕКТРОПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Скопје
92
Република Македонија, Национална установа АЛБАНСКИ ТЕАТАР Скопје
Република Северна Македонија, Национална установа АЛБАНСКИ ТЕАТАР Скопје
93
Акционерско друштво за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје
Акционерско друштво за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје
94
Влада на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања
Влада на Република Северна Македонија – Секретаријат за европски прашања
95
ЈАВНА УСТАНОВА НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО ,Маврови Анови,Република Македонија, Маврови Анови
ЈАВНА УСТАНОВА НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО ,Маврови Анови,Република Северна Македонија, Маврови Анови

96
Јавна установа НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА Охрид Република Македонија
Јавна установа НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА Охрид Република Северна Македонија
97
Јавна установа Национален Парк Пелистер Битола,Република Македонија
Јавна установа Национален Парк Пелистер Битола,Република Северна Македонија
98
Јавна здравствена установа Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза Лешок,Република Македонија,-с.Лешок,Теарце
Јавна здравствена установа Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза Лешок,Република Северна Македонија,-с.Лешок,Теарце
99
Република Македонија Национална установа Тетовски театар-Тетово
Република Северна Македонија Национална установа Тетовски театар-Тетово
100
Република Македонија Државен универзитет ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Штип
Република Северна Македонија Државен универзитет ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Штип
101
Република Македонија, Јавна научна установа Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје
Република Северна Македонија, Јавна научна установа Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје
102
Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје
Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје
103
Македонски железници Транспорт АД-Скопје
Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје
104
Република Македонија Национална установа УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА-Тетово
Република Северна Македонија Национална установа УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА-Тетово
105
УПРАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје
УПРАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје
106
Република Македонија Национална установа Конзерваторски центар-Гостивар
Република Северна Македонија Национална установа Конзерваторски центар-Гостивар

107
Јавна здравствена установа-Институт за медицина на трудот на Република Македонија Скопје
Јавна здравствена установа-Институт за медицина на трудот на Република Северна Македонија Скопје
108
СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
109
Република Македонија Национална установа СПОМЕН КУЌА НА МАЈКА ТЕРЕЗА-Скопје
Република Северна Македонија Национална установа СПОМЕН КУЌА НА МАЈКА ТЕРЕЗА- Скопје
110
Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М – НАВ АД Скопје
Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М – НАВ АД Скопје
111
Република Македонија УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И ТЕХНОЛОГИИ СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ Охрид
Република Северна Македонија УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И ТЕХНОЛОГИИ СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ Охрид
112
Република Македонија Универзитет Гоце Делчев – Штип Воена Академија-Генерал Михаило Апотолски Скопје- придружна членка
Република Северна Македонија Универзитет Гоце Делчев – Штип Воена Академија-Генерал Михаило Апотолски Скопје-придружна членка
113
Република Македонија, Национална установа – МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ – МУЗЕЈ НА ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА И МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ НА КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Скопје
Република Северна Македонија, Национална установа – МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА САМОСТОЈНОСТ – Скопје
114
Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија Скопје
Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Северна Македонија Скопје
115
Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост
Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост

116
Република Македонија Национална установа МУЗЕЈ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА Битола
Република Северна Македонија Национална установа МУЗЕЈ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА Битола
117
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија Скопје
Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија Скопје
118
Македонска академска истражувачка мрежа Скопје
Национална академска истражувачка мрежа Скопје
119
Република Македонија Национална установа-СПОМЕН КУЌА НА ТОДОР ПРОЕСКИ Крушево
Република Северна Македонија Национална установа-СПОМЕН КУЌА НА ТОДОР ПРОЕСКИ Крушево
120
Република Македонија Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош Скопје
Република Северна Македонија Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош Скопје
121
Република Македонија Национална установа ТЕАТАР КОМЕДИЈА Скопје
Република Северна Македонија Национална установа ТЕАТАР КОМЕДИЈА Скопје
122
СОВЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И НАДЗОР НА РЕВИЗИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СОВЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И НАДЗОР НА РЕВИЗИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
123
Република Македонија Национална установа – Археолошки музеј на Македонија Скопје
Република Северна Македонија Национална установа – Археолошки музеј на Република Северна Македонија Скопје
124
Геолошки завод на Република Македонија Скопје
Геолошки завод на Република Северна Македонија Скопје
125
Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти -Република Македонија
Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти -Република Северна Македонија
127
Република Македонија Национална установа – Филмски центар Вардар филм Македонија – Скопје
Република Северна Македонија Национална установа – Филмски центар Вардар филм – Скопје

128
Државен инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија
Државен инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Северна Македонија
129
Република Македонија Министерство за транспорт и врски Државен инспекторат за транспорт Скопје
Република Северна Македонија Министерство за транспорт и врски Државен инспекторат за транспорт Скопје
130
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
131
Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост Скопје
Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост Скопје
132
Јавна здравствена установа Универзитетски институт за позитронско – емисиона томографија на Република Македонија
Јавна здравствена установа Универзитетски институт за позитронско – емисиона томографија на Република Северна Македонија
133
Република Македонија – Универзитет Мајка Тереза во Скопје
Република Северна Македонија – Универзитет Мајка Тереза во Скопје
134
Република Македонија, Национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија Скопје
Република Северна Македонија, Национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија Скопје
135
Македонски оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје
Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје
136
Република Македонија Национална установа Гостиварски театар- Гостивар
Република Северна Македонија Национална установа Гостиварски театар- Гостивар.

 

 

Објавено

Вторник, Март 5, 2019 - 17:20

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе