Владата две недели ги проверува информациите за регистрирањето на клубот „Ванчо Михајлов“

И две недели откако премиерот Димитар Ковачевски најави дека како Влада ќе ги соберат сите информации кои се потребни во однос на регистрација на здруженија на граѓани, во случајов на „Ванчо Михајлов“ во Битола, Владата сѐ уште собира информации за начинот на кој што е регистриран клубот во Битола.

„Се собираат информации за начинот на кој што е регистриран овој клуб. Очекуваме во најскоро време работите да бидат појасни за што јавноста ќе биде информирана.

Она што е важно е дека се разгледуваат повеќе опции и институциите ќе постапат соодветно во овој случај“, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашањето до каде се проверките за легитимноста на постоењето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Клубот беше отворен на 16 април, а на церемонијата присуствуваа потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, премиерот Кирил Петков, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, како и поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов и претставници на сите здруженија на Бугари во земјава.

Централниот регистар, преку соопштение до медиумите, тогаш се огради од секаква одговорност за регистрацијата на Здружението Културен Центар Иван Михајлов Битола, со образложение дека не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност.

Mинистерството за правда исто така соопшти не дало одобрение за употреба на името Ванчо Михајлов за клубот во Битола, ама не затоа што се работи за докажан фашист и негатор на македонскиот идентитет, туку затоа што не постои регистар на историски личности со кој може да се утврди статусот на некоја историска личност. Инаку, клубот „Ванчо Михајлов“ во судот во Битола е регистриран на 15 март 2019 година.

Пет дена по отворањето на Клубот, на 21 април премиерот Димитар Ковачевски најави дека Владата ќе ги собере сите информации за користење на имињата и за една недела ќе информира за натамошните чекори.

„Во однос на самото здружение кое е регистрирано, тоа подлежи на регистрација врз основа на законските прописи во државата. Нормално е дека како Влада ќе ги собереме сите информации кои се потребни во однос на регистрација на здруженија на граѓани. Во однос на користењето на имињата веќе имаше и од правни експерти одредени изјави и кога ќе ги добиеме сите информации идната недела ќе ве информираме за натамошните чекори“, рече тогаш премиерот.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе