Владата денеска ќе го објави францускиот предлог, Ковачевски бара конструктивност од сите

Предлогот од француското претседателство ќе биде објавен денеска на официјалната владина веб страница по средбата со владината коалиција, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Во објава на Фејсбук Ковачевски најави и повеќе средби и консултации во врска со предлогот.
„Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денес во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата.

Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори“, напиша Ковачевски.

Тој повика на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, бидејќи, како што вели, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог.

Ковачевски, исто така апелира до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите и бара конструктивност и поддршка од сите чинители за да се донесе мудра одлука во интерес на сите граѓани.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе