Владата демантира: Во Софија немаше формулации за решенија, се зборуваше за доверба и дијалог

Од Владата демантираат дека на вчерашните средби на премиерот Зоран Заев и владината делегација се разговарало за конкретни формулации за одредени прашања, како што објави бугарскиот весник „24 часа“.

„За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија, за што добра основа е португалскиот предлог.

Решенијата мора да водат грижа за двете страни, односно да ги адресираат прашањата што се важни и за Република Северна Македонија и за Бугарија. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса.

Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија што се споделуваат низ дел од медиумите“, велат за МКД.мк од кабинетот на премиерот Заев.

Бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на извори во бугарската влада, објави дека компромисот што го предложил Заев во Софија е дека „зборуваме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни“.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе