Влада: „Шверцерите“ го злоупотребиле гостопримството во МНТ, организаторите да ја надоместат штетата

Настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој помина во најдобар можен ред и за кој јавноста беше во целост запознаена, информира Владата. 

„Владата го оценува несоодветното однесување како злоупотреба на гостопримството во Македонскиот народен театар, и истото најостро го осудува. Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ, не го подготвиле и организирале настанот согласно стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење“, се вели во соопштението во владината прес-служба.

Владата, како што се додава, очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа Македонски народен театар и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување.

 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе