По текстот на МКД.мк

Влада: Сајтот на вицепремиерот Груби се подготвува и за македонски јазик

Официјалната интернет страница на првиот вицепремиер на македонската влада и министер за политички систем Артан Груби е во изработка и ќе профункционира и на македонски и на албански јазик, одговори денеска владиниот портпарол откако МКД.мк утрово објави дека оваа интернет страница е само на албански јазик. Од кабинетот на Груби велат дека имало недоразбирање со компанијата што ја одржувала страницата.

„Колку што сум информиран, интернет страницата на Министерстово за политички систем и односи меѓу заедниците е во изработка и во скоро време ќе биде ставена во функција и на македонски и на англиски јазик“, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање откако утрово МКД.мк објави дека оваа интернет страница е само на албански јазик.

Со соопштение и реагираше кабинетот на Артан Груби во кое се вели:

„Ве известуваме дека интернет страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во овој двонеделен период беше нефункционална, поради недоразбирање со сега веќе претходната компанија која што ја одржуваше интернет страницата.

Веб страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците моментално се обработува и не е целосно комплетирана.
Секако дека истата ќе биде на македонски јазик и на албански јазик“.

Инаку, од утрово на оваа официјална интернет страница, покрај содржините за извесни активности на Груби, објавени само на албански јазик со соодветни фогографии, стои и известување, исто така само на албански јазик дека сајтот е во подготовка.

И уште една поединост поврзана со вицепремиерот Артан Груби.

Официјалните известувања за Министерството за политички систем медиумите ги добиваат од мејл-адреса – First Deputy PM, или, во превод, „прв заменик премиер". Инаку неговата официјална титула е заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе