„Барањето е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресуда за одземање на акциите на АД Славија поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од судот.
Управниот одбор на Агенцијата врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка добиен од Судот и согласно досегашната пракса одлучи времено да ја запре постапката за продажба. Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции“, информираат од Владата.