Отворени мејлови и телефонски линии

Влада: Пријавувајте непочитување на мерките за борба против коронавирусот

Владата и Инспекцискиот Совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.

Како што стои во владиното соопштение, за поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата инспекторатите отворија нови и-мејл адреси, а ставени се во функција и бесплатни телефонски линии.

Неправилностите и поплаките може да се пријавуваат на следните мејлови и броеви:
-Државан инспекторат за труд poplaki@dit.gov.mk 151 31
-Државен пазарен инспекторат nepravilnosti@dpi.gov.mk 191
-Државен санитарен и здравствен инспекторат prijavi.dszi@gmail.com 0800 255 55
-Агенција за храна и ветеринарство  sin@fva.gov.mk 0800 3 2222
-Државен инспекторат за транспорт  prijavi@dti.gov.mk
-Агенција за лекови и медицински средства  prijavi@malmed.gov.mk
Од Владата повикуваат на одговорност од сите граѓани и фирми и порачуваат дека брз исклучок, секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран.

 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе