ПО ОДЛУКАТА ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Влада: Попис ќе има, ама кога ќе има услови за тоа

Решението за одржување на локалните избори на 15 октомври, новиот предлог закон за употреба на јазиците повторно го отвори прашањето за одржување попис на населението во Македонија. Без попис, нема веродостојни избори, велат дел од експертите. Последниот беше во 2001 година, во 2011 беше прекинат и оттогаш само нагаѓаме колку сме Македонци, колку Албанци, Турци, Срби, нагаѓаме колку се иселиле, колку сме со право на глас...

На прашањето на МКД.мк од Владата на Република Македонија добивме одговор дека попис на населението ќе има и истиот ќе биде спроведен следејќи ги стандардите на Еуростат.

„За спроведување на пописот на населението потребно е и создавање на политички услови со цел истиот да биде успешен. Реализацијата на пописот на населението ќе се случи кога ќе се создадат сите неопходни услови за истиот“, ни одговорија од Владата. 

 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе